Select your language:
 
Select your language
Imprint
Data Privacy
Terms of Use
Contact
If you have questions about an event, please contact the organizer or race timer. race result has no information about the event.
2019-10-20 | Skopje, North Macedonia 21-ви Шри Чинмој маратон на себенадминување 2019

МАРАТОН · ПОЛУМАРАТОН

Традиционалниот 20-ти Шри Чинмој маратон на себенадминување ќе се одржи на 14-ти октомври со почеток на маратон во 9:00 часот и полумаратон во 10:00 часот, во Градскиот парк во Скопје. Организатор на настанот е Шри Чинмој Маратон Тим - Скопје.

Трки
Маратон - 42 195 м
Полумаратон - 21 097 м

Опис на патеката и настанот

Стартот на трката е во Градскиот парк, во близина на Луна парк.
Патеката е кружна со должина од 1 750 метри, а се трчаат 12 кругови (полумаратон) и 24 кругови (маратон).
Мерењето на времето се врши електронски, со чипови.
Патеката е официјално потврдена, со што се обезбедени услови за официјално признавање на постигнатите резултати.
Победници се прогласуваат во апсолутна категорија, како и во категории по возраст, за прво, второ и трето место.
На сите учесници кои ќе го завршат на маратонот или полумаратонот се доделува медал и диплома, а на победниците на прво, второ и трето место се доделува пехар, медал и диплома.
Резултати и фотографии од настанот ќе бидат објавени веднаш по одржувањето на Маратонот на себенадминување на веб-страната на организаторот, www.maraton.mk

Освежување
За време на трката учесниците добиваат освежување со вода, сокови и овошје, а по завршувањето на трката добиваат пакет со оброк.

Стартни пакети
Стартните пакети се подигнуваат во продавницата за спортска опрема „Аутдор“ (Outdoor), која се наоѓа во центарот на Скопје, на ул. „Македонија“ (до Спомен куќата на Мајка Тереза) во следните термини:
петок, 12.10.2018, од 09:00 до 20:00 часот
сабота, 13.10.2018, од 10:00 до 17:00 часот
Учесниците кои не се од Скопје пакетите ќе може да ги подигнат и на денот на трката, Недела, 14.10.2018, во близина на стартот, 1 час пред почеток на трките.

Временско ограничување
Временското ограничување на маратонот e 6 часа.

Котизација
Првиот дел на пријавување завршува на 10.09.2018 (понеделник) до 27.09 во 23:59 часот. Котизација за двете трки за првиот дел на пријавување изнесува 450 ден. Во првиот бран пријавување може да се купи и dry-fit маичка со лого и мото на трката по цена од 350ден.
Цената на котизацијата во вториот бран на пријавување за двете трки за периодот од 28.09. до 09.10.2018 изнесува 500 денари.
Регистрацијата завршува на 09.10.2018 во 23:59 часот.
Учесниците кои не биле во можност да се пријават онлајн, ќе може да се пријават пред старт на трките најдоцна 1 час пред почеток. Пријави подоцна од ова, нема да се примаат.